Продава жена јајца на пазар. Таа ги продава за 10 денари, а сите останати жени за 5. Ѝ велат другите:
– Аман, женска главо, што ти е! Па, ништо нема да продадеш!
– Ќе чекам, не брзам никаде. – одговара таа.
Некаде вечерта, пред затворање на пазарот, доаѓа еден отмен човек, ѝ приоѓа на жената и вели дека му требаат итно 100 јајца, не прашува за цена. Жената му одговара дека има, а тој ја моли да му ги донесе јајцата дома.
– Ќе ги донесам, не брзам никаде.
Ги носи таа јајцата кај човекот, а тој ја прашува дали сака да влезе.
– Ќе влезам, не брзам никаде.
Ја нуди со храна, таа вели:
– Може, не брзам никаде.
После храната, тој ѝ нуди пијачка, а таа вели:
– Ќе пијам, не брзам никаде.
Имаат тие и секс после сето тоа.
– Како беше? – прашува господинот.
– Беше одлично! Утре, кога ќе им раскажувам на другите на пазарот дека продадов 100 јајца по повисока цена, јадев, пиев и имав 3 пати секс, сите ќе ми завидуваат! – одговара таа гордо.
– Но, госпоѓо, ние само еднаш имавме секс. – вели тој.
– Ќе чекам, не брзам никаде…
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден