во , ,

Пронајдено момче киднапирано во 2017 година: Вистината ги шокираше сите – за исчезнувањето одговорна најблиската личност

Исчезнувањето на Абдул Азиз Кан решено по седум години мистерија По документарец на Нетфликс, случајно пронајден во Колорадо Спрингс со мајка и очув. Приказната за Абдул Азиз Кан, момчето кое исчезна во 2017 година, доби драматичен пресврт откако неговиот случај повторно дојде во центарот на вниманието. Скоро седум години откако беше киднапиран среде правна битка за старателство, Азиз е пронајден во Колорадо Спрингс, далеку од неговиот дом во Атланта, во Америка. 

Неговото исчезнување долго време беше мистерија, сè додека прикажувањето на документарецот на Нетфликс „Неразрешени мистерии“ во 2023 година не го поттикна повторно интересот на истражителите и јавноста. Клучен момент се случи кога полицијата во Колорадо случајно го откри тинејџерот за време на интервенција во напуштена куќа, не претпоставувајќи дека решава случај кој го мачеше неговото семејство и властите речиси цела деценија. Азиз исчезна среде правна битка за старателство меѓу неговиот татко Абдул Кан и мајката Рабија Халид. Мајката го киднапирала во 2017 година, а потрагата по неа траела со години. Пресврт во овој случај се случи на 23 февруари 2023 година, кога полицијата во округот Даглас во Колорадо доби дојава за провала во напуштена куќа. На местото на настанот, полицајците забележале две деца во паркиран автомобил пред куќата. Меѓу нив бил и Азиз, сега 14-годишник. Со децата биле Рабија Халид, неговата мајка, и нејзиниот сопруг Елиот Блејк Буржоа, кои веднаш биле приведени. „Кога стигнавме, видовме автомобил на приод и две деца внатре. Ги прашавме што прават, а едно од децата – подоцна идентификувано како Азиз – рече дека неговите родители се внатре со агент за недвижности“, изјави Викли за Дејли Меил.

Реклама

Полицијата побарала од момчето да ја повика мајката, а набргу од куќата излегле Рабија и Буржоа. „Почнавме да ги испрашуваме и веднаш почувствувавме дека нешто не е во ред. Нивните приказни не беа убедливи, а Рабија тврдеше дека нема никакви документи, што е многу невообичаено за возрасен човек“, додаде тој. По проверка на отпечатоците од прсти, било откриено дека за Рабија Халид имало потерница за киднапирање уште во 2017 година. Се очекува повторно обединување на таткото и синот Азиз моментално е под заштита на социјалните служби додека властите работат на процесот на негово повторно обединување со неговиот татко.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мишел Обама проговори за гласините за афера на Барак со Џенифер Анистон: „Едвај го преживеавме тој период!“

Вучиќ денеска се соочува со протест без преседан, Србија го задржува здивот