во

Пронајдено телото на херојот од Јабланица: Спасил десет луѓе, пред да го однесе надојдената река

Трагичните поплави кои ги зафатија Босна и Херцеговина последниве денови оставија многу жртви зад себе. Најтешко беше во Јабланица, каде што, според најновите информации, животот го загубија 20 лица.

Меѓу оние кои успеале да спречат бројот на жртви да биде уште поголем е Ернад Беговиќ.

Неговата приказна брзо се прошири низ јавноста, како и трагичната судбина што го снајде. Имено, Ернад, кој беше меѓу жртвите на поплавата, пред да биде однесен од надојдената вода, успеал да спаси десет свои соседи, заедно со неговиот татко.

Спасувачките екипи го пронашле неговото тело во четвртокот, а со гордост на неговата храброст се присетија од Јавното претпријатие Комунално од Мостар, каде што работел.

„Јавното претпријатие Комунално д.о.о. Мостар со гордост го истакнува херојскиот и несебичен чин на нашиот работник Ернад Беговиќ, кој со своите дела не само што ѝ помогна на својата фамилија, туку и на соседите и пријателите за време на трагичните настани во Јабланица. Неговата пожртвуваност и хуманост засекогаш ќе останат во сеќавањата на сите што го познаваа. Како колектив, остануваме со неговото семејство во овие тешки моменти и ќе продолжиме да им ја даваме нашата поддршка и понатаму,“ стои во објавата на претпријатието, кое ги сподели и податоците за сите што сакаат да помогнат на семејството на Ернад.

Херојската постапка на Ернад Беговиќ засекогаш ќе остане пример за пожртвуваност и човечност во тешки времиња.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маж плуташе на фрижидер 50 км од брегот: Неверојатна снимка од спасувањето на Флорида

Карлеуша шокира: „Имав афера со оженет, ја остави жената заради мене”