во ,

Зошто не спиеш, миличок? Што не е во ред?

Разбудувајќи се среде ноќ, жената приметува дека маж ѝ го нема во кревет. Станува и го затекнува во кујната како седи и пие кафе, со насолзени очи гледа замислено во ѕидот пред себе.

– Зошто не спиеш, миличок? Што не е во ред?- го прашува таа а тој ја погледнува и и вика:

– Се сеќаваш ли пред 20 години кога почнавме да се излегуваме јас и ти заедно? Ти имаше 16 години. Се сеќаваш ли на тоа?

Жената се трогнала до солзи што нејзиниот маж е толку чувствителен и нежен…

– Секако дека се сеќавам- тивко рекла таа.

Сопругот воздивнал. Зборовите тешко испаѓале од него:

-А се сеќаваш ли, драга, кога не улови татко ти на задното седиште од мојата кола?

– И на тоа се сеќавам – нежно одговарила жената.

– А се сеќаваш ли дека тогаш впери сачмарка во моето лице и рече: „Или ќе ја ожениш ќерка ми или ќе те пикнам 20 години во затвор!“

– Се сеќавам… – вика жената.

Мажот ја брише солзата која му се лизнала на образот и ѝ вика:

– Е, па, денес ќе ме ослободеа!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Интересни факти кои ќе ви помогнат да го подобрите вашето знаење

Ако ги вратите парите, казната ќе ви биде намалена…