Разговараат две сосетки:
– Драга моја, што е тоа со вас? Дали сте многу болни?
– Јас? Болна?! Здрава сум како дрен! А зошто ме прашуваш тоа?
– Па, слушај, гледам дека ви доаѓа доктор секое утро веќе три дена по ред.
– Извини, те молам, кога кај вас доаѓаше оној полковникот секое утро, мене не ми падна на памет да помислам дека можеби почнала војна.