Разговараат три кучиња во шинтерница
Првото вели:
– Јој, газдарицата купи нов персиски тепих, а јас се измочав право на него. Сигурно ме чека успивање!
Второто вели:
– Мојот газда купи ново порше и кога ме повози, од страв се изнередив на кожните седишта и сигурно ме чека успивање. Кукавица!
– А ти, што направи? Го прашуваат третото.
– Мојата газдарица облече нова свилена ноќница и кога се наведна мене ми проработи нагонот и скокнав на неа од позади… да не ви раскажувам понатаму!
– Ауууу, тебе сигурно те чека успивање, му велат двата кучиња во глас.
– Ма не бе, мене ме доведоа само да ми ги скратат ноктите!