Џимиринките, или популарно кажано чварките, долго време се омилен зимски деликатес во Македонија и пошироко во регионот. Но, нивната цена последните години достигнува рекордни висини, па чварките кои некогаш се сметаа за „храна за сиромашните“, сега стануваат речиси луксузен производ.
Годинава, килограм чварки во месарниците достигнува просечна цена од околу 1.200 денари (20 евра) – сума за која може да се купат повеќе од три и пол килограми свежо свинско месо. До пред три години, килограм чварки чинеше околу 600 до 800 денари, што ја прави моменталната цена речиси двојно повисока.
Зошто е толку висока цената на чварките?
Експертите од месната индустрија истакнуваат неколку главни фактори. Прво, недостатокот на домашно свинско месо води кон зголемен увоз, а увезеното месо – најчесто замрзнато – е значително поскапо. Поради високите трошоци на увозот, севкупно расте и цената на производите како чварките.
Второ, промените во начинот на одгледување свињи во голема мера влијаат врз производството на чварки. Современите трендови кај одгледувачите се насочени кон свињи со поголема мускулна маса, а помалку масти (сланина). Многу одгледувачи веќе не ги товат свињите како порано, што значи дека свињите имаат минимално сало – клучната состојка за производство на чварки. Оваа промена директно влијае на зголемување на цената на чварките, бидејќи од сѐ помалку месо може да се добие потребната количина маст за нивна изработка.
Со ваквиот раст на цената, овој традиционален производ станува реткост на домашните трпези и често се купува само за специјални прилики, а не како некогаш – како секојдневен дел од зимските мезиња.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден