Решиле лисицата, магарето и волкот да отворат фирма.
Лисицата вели:
– Јас сум лукава, јас ќе одам во општината и ќе ни средам дозвола за час.
Оди лисицата и се враќа за половина час, целата потиштена – не успеала.
Тогаш волкот вели :
– Јас сум опасен и луѓето се плашат од мене, сега јас ќе ја добијам дозволата набрзина.
Кога, ете го волкот по еден час – со подвиткан опаш, ни тој не успеал.
Тогаш магарето вели:
– Ќе одам јас сега.
Се враќа магарето по два часа цел среќен и вика:
– Добивме дозвола, добивме дозвола!
Лисицата и волкот го прашуваат како успеал кога тие не успеале.
А магарето им раскажува:
– Одам јас во општината, чукам на вратата и влегувам, и таму сите мои школски другари…