Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница.
Заклале една крава, ја одрале и влегле во нејзината кожа.
Мујо напред, а Хасо пазади.
На граничарите им била сомнителна кравата и почнале да ја испитуваат.
И дале да јаде трева, Мујо ја јаде тревата, а Хасо се смее.
Откако ја изел тревата почнал и Мујо да се смее.
– Што ти е, што се смееш?
– Еве, гледам тројца граничари како водат еден бик- одговорил Мујо.