Ријана повторно ја освои публиката со својата нова кампања за брендот „Savage X Fenty“, каде овојпат позира заедно со своите преслатки синови, РЗА и Рајот. Пејачката, која неодамна потврди дека ќе присуствува на Мет Галата во 2025 година, се одлучи за нежен и семеен изглед, за разлика од вообичаените гламурозни и предизвикувачки фотосесии.
View this post on Instagram
Во кампањата, Ријана и малечките се облечени во удобни сини тренерки со жолти детали и без обувки, додека пејачката дополнително го истакнува својот стил со витлери во косата како моден додаток. Обожавателите беа воодушевени од топлиот семеен момент, преполн со среќа и љубов, а коментарите не изостануваа: „Преслатка си“, „Мајчинството ти прилега прекрасно“ и „Блескаш од среќа“.
View this post on Instagram
Двајцата синови, кои Ријана ги доби со партнерот АСАП Роки, се централниот фокус на оваа кампања, која многумина ја сметаат за најсимпатичната нејзина претстава досега. Иако АСАП Роки не се појавува во видеото, нејзините фанови велат дека ова семејно издание е доволно за да го разнежи интернетот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден