Предвидувањето на иднината е секогаш забавно, но повеќето луѓе го прават тоа на досаден и нереален начин. Ко-основачот на уметничкиот проект МХД, Евгениј Зубков објави серија уметнички дела со наслов „Русија 2077“. За разлика од сите други кои ја замислуваат иднината како сè да е обновено и да изгледа футуристички, Евгениј всушност покажува пореален начин како може да изгледа нашата иднина, или барем неговата иднина во Русија. „Русија 2077“ е проект, тоа е паралелна реалност, каде што слики од современите технологии се вклопуваат во обични пејзажи и секојдневието во руралната Русија.