Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни денеска се огласи со тврдење дека руски ловец СУ-35 извршил претечки маневар во меѓународниот воздушен простор над источниот Медитеран кон францускиот дрон Рипер кој бил ангажиран во мисија за надзор.
Овој инцидент се случил во момент кога европските земји настојуваат да ги зголемат издавањата за потребите на одбранбениот систем и да пружат поголема поддршка на Украина, пренесува Ројтерс.
-Рускиот авион направи три последователни прелети во непосредна близина на францускиот дрон, што можело да предизвика губење на контрола над леталото. Овој маневар на рускиот ловец по се изгледа го одразува желбата да се ограничи слободното движење во меѓународниот воздушен простор, објави Лекорни на својот Х налог, оценувајќи дека инцидентот претставува “неприфатливо намерно, непристојно и агресивно руско делување”.
Лекорни нагласи дека Франција ќе продолжи да делува со цел да го одбрани “слободното движење низ меѓународниот воздушен и поморски простор”.