Ракометната федерација на Македонија (РФМ) побара одложување на натпреварот против Словенија поради големата трагедија во Кочани, но Европската ракометна федерација не го одобри барањето. Натпреварот ќе започне со минута молк.
РФМ со барање за одложување на мечот со Словенија поради кочанската трагедија, но ЕХФ даде негативен одговор
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска официјално контактираше со претставници на Европската ракометна федерација (ЕХФ) со молба за одложување на претстојниот натпревар меѓу сениорските репрезентации на Словенијаи Македонија. Причината за ова барање е длабоката жалост и почит кон жртвите од неодамнешната огромна трагедија која го потресе Кочани.
За жал, од РФМ информираат дека нивното барање за одложување не е одобрено од страна на ЕХФ. И покрај тоа, вечерниот натпревар ќе започне со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во кочанскиот пожар.
Како што веќе беше објавено претходно, РФМ, во знак на длабока почит кон жртвите и нивните семејства по големата трагедија во Кочани, ги откажа сите планирани натпревари во сите категории кои требаше да се одржат денеска на територијата на целата држава.
„Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се насочени кон семејствата и сите настрадани во оваа голема трагедија. Упатуваме најискрено сочувство!“, стои во официјалното соопштение на Ракометната федерација на Македонија.
Почетокот на ракометниот натпревар меѓу Словенија и Македонија е се уште закажан за денес, 16-ти март 2025 година, во 18:30 часот, а ќе се одигра во Копер, Словенија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден