во ,

Сакам плата 25000 денари…

Отишол Трпе на некоја фарма да бара работа и им рекол:

– Сакам плата 25000 денари.

Директорот:

– Ама тука сите земаат околу 15-16000.

– Јас сум посебен, го разбирам јазикот на животните.

Отишле кај свињите, и директорот прашал што зборат:

– Еве оваа вика дека родила 5 прасиња, а вие и шефот на смена сте пријавиле 3 и по едно сте си земале за дома.

Потоа отишле кај кравите, некоја замукала и директорот прашал:

– Што рече?

– Рече дека дава секој ден по 10 литра млеко, а вие сте пријавувале по 5, а другото сте си го делеле со шефот.

Во тој момент поминало едно стадо овци и почнале да блеат, а директорот рекол:

– Добро, добро имаш 25000 денари плата, не ги слушај овците, тогаш бевме пијани со шефот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пилот објаснил зошто пилотите смеат да заспијат додека управуваат со авион – да, добро прочитавте

Како изгледа животот на Свалбард? На овој остров не е дозволено да раѓате и не ви е потребна виза