во ,

Сакам сите мажи да се организираат во две колони. Едната нека биде со мажи кои се главни…

Откако изумреле сите луѓе на Земјата, го чекале редот за небото. Се појавил Бог и им рекол:

– Сакам сите мажи да се организираат во две колони. Едната нека биде со мажи кои се главни во бракот, другата со мажи кои им се подредени на жените.

Мажите се поделиле. Колоната со подредени мажи била километри долга, а во колоната кај што мажите се глава во семејството останал само еден.

Бог кога го видел ова рекол:

– Срам да ви е на вас подредените! Ве создадов за да бидете глава на семејството, а вие ме разочаравте! Од сите вас само еден ги исполни моите очекувања, учете од него!

Потоа се свртел кон единствениот:

– Кажи ми ти сине мој, како успеа да бидеш единствен во таа колона?

Мажот на тоа одговорил:

– Немам појма, жена ми ми рече тука да застанам.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драги, а ти какви жени сакаш повеќе, убави или паметни?

Од каде ти се тебе 100 евра?