во ,

САМО ЖЕНИ ВО ВСЕЛЕНАТА: Екипажот на Безос со Кети Пери се врати по 11-минутен ЛЕТ

Ракетата „Њу Шепард“ на компанијата „Blue Origin“ успешно се врати на Земјата. Летот траеше само 11 минути. Овој лет беше историски бидејќи екипажот беше составен исклучиво од жени. Компанијата е во сопственост на милијардерот Џеф Безос.

Шестчлениот женски екипаж безбедно слета во Тексас, пренесе Би-Би-Си. Ова е прва експедиција само со жени од советската мисија во 1963 година. Ракетата ја премина Кармановата линија. Тоа е меѓународно призната граница каде што започнува вселената.

Купи Маица

Во беспилотната ракета патуваа познати имиња. Покрај поп-ѕвездата Кети Пери, тука беа и водителката Гејл Кинг. Дел од екипажот беа и Лорен Санчез, новинарка и партнерка на Безос. Со нив патуваа и ракетната научничка Ајша Боу, активистката Аманда Нгујен и продуцентката Кериен Флин.

„Највозвишено чувство“

Кети Пери и Гејл Кинг беа видно возбудени по излегувањето. Тие симболично ја бакнаа земјата. Изразија огромна благодарност за искуството. Пери изјави дека главна емоција што ја почувствувала била љубов.

„Тоа е највозвишеното чувство. Потполно препуштање на непознатото, доверба…“, изјави Кети Пери. На прашањето дали ќе напише песна за ова патување, таа одговори потврдно. „Ох, апсолутно, сто проценти“, рече таа низ насмевка.

Гејл Кинг откри интересен детал од летот. Раскажа дека Кети Пери ја отпеала нејзината верзија на песната „What a Wonderful World“. Ова се случило додека биле во вселената. Претходно, останатите барале од неа да ги пее своите хитови. Но, Пери одговорила: „Сега не се работи за мене, сакав да зборуваме за светот“.

„Оваа мајка отиде во вселената“

Продуцентката Кериен Флин го опиша патувањето како „најневеројатно искуство“. Таа сподели и анегдота. Нејзиниот син им кажал на другарите дека мајка му оди во вселената. Тие му рекле дека „мајките не одат во вселената“.

„Епа, оваа мајка отиде во вселената“, гордо изјави Флин низ насмевка.

Партнерката на Безос, Лорен Санчез, беше многу емотивна. „Толку сум горда на оваа екипа“, рече таа низ солзи. „Погледнав низ прозорецот и ја видов Месечината. Земјата изгледаше толку тивко… беше тивка, но полна со живот“, додаде Санчез. Таа истакна дека меѓу жените владеела посебна радост и заедништво.

Ракетната инженерка Ајша Боу изјави дека искуството ја променило засекогаш. Ја опиша Земјата видена одозгора како „прекрасна“. „Нема граници, нема држави, постои само Земја“, рече научничката. Таа опиша момент на тивко разбирање меѓу екипажот во вселената.

Активистката Аманда Нгујен изрази огромна благодарност. Таа си ветила себеси дека никогаш нема да се откаже.

Некој добил бесплатни билети, а некој не

Останува мистерија колку чини ова вселенско искуство. Портпаролот на „Blue Origin“ изјави за Си-Ен-Ен нешто интересно. Некои патнички летале бесплатно, додека други платиле. Сепак, компанијата не открива кој платил, а кој не.

„Blue Origin“ сè уште јавно не ги објавува цените на билетите. Нивниот главен конкурент, „Virgin Galactic“, продава билети. Цените се движат меѓу 250.000 и 450.000 долари. „Blue Origin“ и претходно имаше познати гости, како Воли Фанк во 2021 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

РАСКОЛ КАЈ ТРАМПОВИ? Сите жени на куп за Тифани, само МЕЛАНИЈА ја немаше на забавата!

ТРАДИЦИОНАЛЕН МАКЕДОНСКИ РЕЦЕПТ: Тавче гравче – ИДЕАЛЕН посен ручек готов за ПОЛА ЧАС!