во , ,

Саудиска Арабија добива нов уникатен хотел

Саудиска Арабија се движи со брзина на светлината по патеката која води до титулата за ултимативна туристичка дестинација.

„Red Sea“ проектот секако игра голема улога во таа приказна, со помош на фасцинантната креација наречена „Coral Bloom“, во која ќе има 50 одморалишта, 22 острови, терени за голф и многу повеќе, додека сега, како шлаг на тортата се појавува „Ummahat AlShaykh Hotel 12“, чиј дизајн исто така е потпишан од студиото „Foster+Partners“, одговорно за „Red Sea Projects“.

„Foster+Partners“ дизјанирале еден од трите хотели планирани за „Ummahat AlShaykh“ островот. Другите два ќе добијат потпис од „Kuma & Associates“ и „Killa Design“ студијата. Жерард Евенден, раководителот на студиото „Foster+Partners“, дизајнирал хотел со допир на нежност, со пристап што нема да ѝ наштети на природната средина.

„Како да ги однесете луѓето на места кои порано никогаш не се посетени? И, како да го направите тоа, а да не наштетите никому? Сè се сведува на изградба на повеќе средини и надградба на веќе постоечкото место, наместо уништување“, рекол тој.

Овој хотел ќе располага со серија вили со дрвени покриви, ресторани и многу простор за уживање, додека еден негов дел ќе се протега на „Red Sea“ и веќе се смета за најамбициозен туристички проект.

Прекрасната кружна патека е изградена за да нуди пристап до спектакуларна серија од станови. На крајот, може да кажеме дека хотелот ќе биде карбонски неутрален, во целост ќе биде снабден со обновлива енергија и нема да користи пластика за еднократна употреба.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *