Принцот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија го купи англискиот клуб Њукасл за 350.000.000 евра и со тоа стана најмоќната личност во светскиот фудбал.
Младиот богат саудиски принц, откако неговиот татко, кралот Салман, го назначи за наследник на тронот во јуни 2017 година, заменувајќи го својот 26-годишен братучед, по кралот стана најмоќната фигура во неговата земја.
Покрај фудбалскиот клуб Њукасл, тој го поседува и најлуксузниот и најскапиот дом на планетата.
Имено, тој во 2015 година искеширал 270 милиони евра за величествениот замок на францускиот крал Луј XIV. Интересно е што оваа вртоглава бројка е блиску до парите кои ги даде за купување на Њукасл.
Но, со оглед на тоа дека богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра, тие трошоци за него се вистинска ситница.
Замокот Луј XIV, кој е завршен во 2011 година, е изграден во стилот на француските замоци од 17 век, а целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри.
Има винарски визби, базени внатре и надвор, и еден специјален со големи риби, потоа ноќен клуб, соба за медитација и одмор, кино, терен за сквош, соба во аквариум… Дали е мала?
Замокот е полн со скапоцени уметнички дела, а се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи „Salvator Mundi“ вредна 400 милиони евра, која ја платил повеќе од англискиот клуб.
Исто така, замокот има десет луксузно дизајнирани спални соби, насликана купола, библиотека и винарска визба со повеќе од 3.000 шишиња, огромна сала за бал и други свечености.
Покрај овој луксузен и раскошен замок, Салман поседува и јахта долга 130 метри, која чини 530 милиони евра.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден