во ,

Сашко Коцев е новиот водител на фестивалот „Златно славејче“

Познатиот актер Сашко Коцев ќе го преземе водителското место на најстариот македонски детски музички фестивал „Златно славејче“, кој ќе се одржува на 16 и 23 ноември во Македонскиот народен театар. Во овие два термина ќе се одржат по три претстави, во 10, 14 и 17 часот.

Ова е првпат Коцев да го води овој познат фестивал, кој годинава се одржува по 54. пат. По затворањето на Универзалната сала, „Златно славејче“ се пресели во други простори, како салата „Борис Трајковски“ и Филхармонијата. Претходно, водител на фестивалот беше Влатко Илиевски, а минатата година улогата ја имаше актерот Мартин Јорданоски.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дарио се враќа на Макфест по 26 години

Калишкиот манастир: Светилиште кое исцелува и дарува живот