Во судницата проговори обвинетиот Велимир Манев, давајќи потресно сведоштво за грозоморното киднапирање на малата Вања Ѓорчевска, откривајќи детали кои досега не беа познати за јавноста. Манев тврдеше дека Љупчо Палевски-Палчо, мозокот на злосторството, им презентирал фотографии од возрасна жена која требало да биде нивна цел, но во трагичен пресврт на настаните, тие ја грабнале 14-годишната Вања, без да знаат дека станува збор за дете.
Според неговото сведочење, грабнувањето се случило во влезот на зградата каде живеела Вања. Откако ја совладале, ја врзале и ја ставиле во вреќа за спиење, претходно набавена од канцеларија, а потоа ја сместиле во гепекот на автомобилот.
Трагична грешка и ладнокрвно убиство кај Дупки
„Кога стигнавме на локацијата Дупки, го отворивме гепекот. Палчо ја праша девојчето за името, имињата на родителите, сакајќи да утврди од кое се семејство. Откако ги доби тие информации, ни нареди да ја извадиме од возилото. Наводно, за да ја фотографира и да испрати слики на родителите, како доказ за киднапирањето. Ја извадивме, ја откопчавме вреќата за спиење и кога го тргнав селотејпот од устата, тогаш за првпат видов дека пред нас не стои возрасна жена, туку дете. Веднаш му реагиравме, јас и Влатко му кажавме дека е направена грешка и дека девојчето треба да се врати, бидејќи бевме маскирани и никој не нè видел. Но, Палчо упорно ми повторуваше да замолчам, тврдејќи дека сè е под контрола и дека нема грешка“, сведочеше Манев со треперлив глас.
Манев понатаму раскажа дека Палевски, по сознанието дека е грабнато дете, им соопштил дека првично договорената сума за грабнувањето е недостижна и дека ќе добијат помалку пари од ветеното.
Моментот на злосторството и закопувањето
„Се свртев на момент кон лозјата, бидејќи таму имаше некои напуштени објекти, сакајќи да видам каде би можеле да ја однесеме. Додека се обидував да проценам, Палевски се приближи до детето со пиштол и перниче во рака. Во тој миг, го испука кобниот куршум преку перничето. Јас бев повторно шокиран, целосно надвор од себе. Палчо се врати до пикапот и од таму извади копач и лопата, нови, неискористени. Ги фрли пред нас и ни нареди да ископаме гроб за да го закопаме детето“, продолжи Манев со потресното сведочење.
Сведокот додаде дека Палевски им наредил да копаат, додека тој самиот плачел од ужас. По закопувањето на телото, Палевски го запалил автомобилот на Панче Жежовски, со цел да ги прикрие трагите на злосторството.
На крајот од сведочењето, Манев изнесе тврдење дека бил принуден под закана и физичко насилство од страна на полициски инспектори, да излаже дека Љупчо Палевски бил во комуникација со таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, што дополнително ја компликува и онака трагичната приказна.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден