во

Светот во шок: Си-Ен-Ен објави за трагедијата во Кочани со 51 жртва и стотици повредени

Американската телевизија Си-Ен-Ен објави потресна вест. Веста е за трагедијата во Кочани.

Според извештаите на државните медиуми, најмалку 51 лице загина. Над 100 други се повредени. Пожарот избувнал во ноќниот клуб „Пулс“ во оваа македонска општина.

Реклама

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панчо Тошковски, ги потврди жртвите и повредените. Тоа го стори на прес-конференција утринава. Државната новинска агенција МИА јавува дека повеќе од 80 повредени лица се пренесени во болници и клиники во Скопје. Ова го пренесе Си-Ен-Ен.

Додека трагедијата ја шокираше земјата, министерот за правда, Игор Филков, изјави дека сите лица кои се одговорни за трагичниот настан ќе бидат изведени пред правдата.

Пожарот избувнал во клубот „Пулс“. Таму популарната македонска група ДНК настапувала во саботата вечерта. Според објавата на нивниот Инстаграм профил, групата била на сцена кога настанал пожарот.

Ова е вест во развој. Ќе биде ажурирана со нови информации, стои во објавата на овој американски медиум.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кочани: 53 жртви во пожарот во дискотека  – Стотици повредени

Трагични слики од Кочани: Дискотеката „Пулс“ изгорена до темел по кобниот пожар!