Светско првенство во борење, во финалето се Македонец и Јапонец.
Пред борбата тренерот му вели на Македонецот:
– Слушај Ване. Досега не сум ти го кажал ова, но овој Јапонец е многу силен и многу вешт.
Има еден омилен зафат. Ако ти го направи, готово е со тебе.
– Нема проблем тренеру. Ќе се справам некако со него.
Почнува борбата. Двајцата излегуваат на душекот. По 1 минута Јапонецот му го направил омилениот зафат на Македонецот.
Тренерот, кога го видел тоа, се разочарал. Си ја зел крпата и ја напуштил салата. Отишол во својата соба, да се начука од мака.
По кратко време гледа на телевизорот во собата дека Македонецот се радува, сите го поздравуваат. Станал светски шампион.
Тренерот за малку што не ја плукнал ракијата од изнеенадување. Трчајќи се вратил во салата. И навистина. Македонецот станал шампион.
По радоста, честитките и доделувањето на медалите, тренерот останал насамо со Македонецот и со љубопитност го прашал:
– Што се случи бе, Ване? Не можам да им поверувам на очите! Како го победи Јапонецот?
– Па види сега тренеру… Како да ти објаснам? И јас мислев дека се е загубено, кога Јапончето ме фати со својот омилен зафат.
Ме свитка како осмица, не можев да мрднам. Се мачев, стенкав и одеднаш гледам, пред моите очи се нишаат некакви јајца.
Помислив малку и во следниот момент ги гризнав со сета сила.
– О-О-о, Ване! – Навредено извикал тренерот. – Тоа е неспортски. Тоа не е фер плеј. Си победил нечесно.
– Не, не, тренеру, не беше така! – Рекол Ване. – Не разбираш.
Едноставно не можеш да замислиш, на што е способен еден човек, кога ќе си ги гризне сопствените јајца.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден