во ,

„Сега пеат заедно на небото“: Објавени заеднички фотографии од Тоше и Андреј

Деновиве на интернет се шират заеднички фотографии од Андреј Ѓорѓиески од ДНК и Тоше Проески.

Нашите музички ѕвезди не се повеќе меѓу нас. Ќе ги паметиме засекогаш по нивните добри срца. Тие секогаш имаа желба да им помагаат на оние кои имаат најголема потреба.

На фотографиите Тоше и Андреј се смеат и разговараат. Во коментарите луѓето пишуваат: „Таму некаде сега заедно пак ќе се смеат“, „Вечна ви слава Ангели наши“ и „Пејте заедно со Ангелите“.

Во една објава на социјалните мрежи стои: „Тоше пееше – Полско цвеќе млад нека ме покрие… Андреј пееше – Ако утре ме нема еј, Немој да ме жалите… Едниот на 16.10.2007… Другиот на 16.03.2025“.

Тоше загина во страшна сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година. Андреј го загуби животот во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Би-Би-Си ја разоткрива вистината за пожарот во Кочани: Два клучни фактори за трагедијата

Марија славела роденден во Дубаи, а потоа исчезнала: Ја држеле како робинка, ѝ го скршиле ‘рбетот и ја фрлиле покрај патот