во ,

Сега секој од вас ќе мора да ми каже од каде е. Ако го знам местото ќе го помилувам…

Летале Американец, Французин и Македонец со авион, кога наеднаш авионот се срушил и сите се наоѓаат на пуст остров.

Ги нашле човекојадци и ги однеле кај нивниот поглавар. Тој им рекол:

– Сега секој од вас ќе мора да ми каже од каде е. Ако го знам местото ќе го помилувам, во спротивно, го гледате оној котел онаму, отиде да се вари во манџата.

Прв Американецот на прашањето од каде си?

– Од Америка.

Поглаварот: Нешто специфично за земјата?

Американецот: Вашингтон, Kипот на слободата, кулите близначи што се урнаа …

Поглаварот: Не ја знам, однесете го во котелот!

Втор доаѓа Французинот, истото прашање, на полгаварот не му е јасно за земјата, Французинов упорен:

– Мора да го знаете, Париз,Афејловата кула …

Поглаварот повторно: Немаш среќа, и ти одиш во котелот!

Доаѓа Македончево на ред, и како по обичај, сам си трга кон котелот.

Поглаварот: Ти каде си тргнал?

Македонецот: Штом за нив не знаевте од каде се, за мојата земја па ич нема да имате поима.

Поглаварот: Добро де кажи, нема што да загубиш.

Македонецот: Од Македонија сум, мала земја на Балканот.

Поглаварот: Имаш право, не ми текнува. Нешто поспецифично?

Македонецот: Е па градот ми се вика Берово.

Поглаварот Ти од Берово ли си другарче, па што не кажа порано, ние од таму ги набавуваме компирите за манџата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тато тато, која е разликата помеѓу „потенцијално“ и „реално“?

Преподобен Даниил Столпник: Светителот што го победи светот од врвот на столбот