Памела Андерсон доживеала се во кариерата, секогаш ја следеле коментари за нејзината привлечност и убавина, а на крајот направила радикален потег и станала посреќна!
Памела Андерсон, најпознатата русокоса во црвен едноделен костим за капење, со години ја носеше титулата секс симбол, нејзиниот сексапил ги привлекуваше луѓето како магнет, а многумина сонуваа да бидат во нејзино друштво. Се чинеше речиси невозможно еден ден оваа фатална да престане да се шминка и да стане поборник за да изгледа што поприродно. Истакнува дека кога би можела да го врати времето, апсолутно ништо не би променила на себе, бидејќи автентичниот изглед е најголемиот подарок!
На неодамнешното појавување за промоција на филмот „Последната шоу-девојка“, таа ја одбележа својата годишнина, истакнувајќи дека пет години не користи козметички производи.
Клучната причина за таа да донесе таква драстична одлука и да престане да се шминка преку ноќ беше, всушност, смртта на нејзиниот шминкер Алексис Вогел во 2019 година, сакајќи да и покаже колку ја сака и почитува.
– Таа беше најдобра. Кога таа замина, сфатив дека за мене е најдобро да не се шминкам. Без шминка се чувствувам слободно и малку како бунтовник. Забележав дека многу луѓе се повеќе се фокусираат на шминката и техниките, а во моментов јас го правам спротивното од тоа. Сите ние изгледаме малку смешно кога ќе остариме. Понекогаш се смеам кога ќе се погледнам во огледало затоа што помислувам – леле ова ми се случува – рекла Памела.
Меѓутоа, како што минувало времето, Памела се чувствувала како да е ослободена од стегите кои со години ја задушувале. Почна да се чувствува добро во сопствената кожа, горда на своите години.
– Овие денови (на оваа возраст) не треба да правите ништо. Станувам и се што се случува на моето лице се случува. Сè почива во самоприфаќањето. Ова е поглавје од мојот живот во кое се обидувам да се зајакнам. Понекогаш може да биде тешко, особено кога треба да се убедите себеси дека сте добри и дека сте доволно и убави. Потрагата по младост е недостижна. Времето никогаш нема да го вратите назад, затоа уживајте во она што го имате сега – рекла Памела, нагласувајќи дека повеќе се чувствува себеси кога не е под маската на шминката.
Во изминатите неколку години, Андерсон истакна дека станала посвесна за важноста да изгледа природно и се чувствува подобро во сопствената кожа без шминка. Нејзиниот нов пристап одразува порелаксиран поглед на убавината, избегнувајќи го притисокот секогаш да биде совршено нашминкана, што во голема мера го карактеризираше нејзиниот претходен имиџ.
Дополнително, Памела нагласува дека минимализмот во шминкањето е дел од нејзиниот порелаксиран начин на живот, каде повеќе се фокусира на внатрешниот мир и поедноставното секојдневие. Притоа, таа испраќа силна порака за прифаќање на природниот изглед и ги охрабрува другите да се чувствуваат удобно во сопствената кожа и тврди дека најголемата убавина доаѓа од она што го носиме внатре и како зрачиме.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден