Алармантно: 90% од скопските дискотеки работат без лиценца! По протестот за Кочани, излезе на виделина шокантен податок. Само мал дел од ноќните клубови работат легално.
За 17 лица денеска истекува 48-часовниот притвор. Синоќа во Скопје граѓаните со молк им оддадоа почит на загинатите во Кочани. Протестираа против корупцијата.
Протестот беше мирен и без инциденти. Собранте почнаа со 16 минути молк. Молкот продолжи до половина час.
Мирно и достоинствено се простија од 59-те жртви од Кочани. Тие исто така побараа одговорност и правда.
Пораките беа јасни: секој може да биде следниот. Корупцијата и системот во Северна Македонија убиваат. Вонредните проверки на владата покажаа фрапантен резултат. 90% од дискотеките во Скопје работеле без валидна лиценца.
„Според проверките, има издадени лиценци за угостителска дејност. Тие се валидни. Има 22 такви лиценци за целата држава. Но, има и 15 лиценци чија важност е истечена. Во Скопје, од 13 проверени објекти, само 2 имаат валидна лиценца“, изјави Марија Митева, портпаролка на Владата.
За 17 лица денеска истекува 48-часовниот притвор. Обвинителството во текот на денот ќе соопшти за колку од нив ќе биде продолжен притворот. Исто така, ќе се знае дали некој ќе биде ослободен.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден