Се качиле двајца власи, татко и син на авион,
ама пусто скапи картите и решиле да се ценкаат со пилотот!
Овој сетил што е работата и им вика:
– Ќе ве земам без пари ама прво ќе ве качам на авион и ќе правам
акробации, ако било кој испушти некаков крик, ќе ви земам пари,
а ако не писните, без пари ќе ве возам!
Власите нормално се согласиле.
Тргнал пилотот и почнал да вози лудо, горе-долу, под рачна го врти авионот,
изведува некои опасни трикови.
Слуша цело време, ама никако да слушне глас.
Слетал и оди да им честита за тоа што не пуштиле глас и му вели на таткото:
– Браво бе, ова до сега никој го нема направено кога возам јас,
како издржавте да не писнете?
– А бе ќе викнев за малку кога испадна син ми од авион
ама издржав – рекол таткото.