во , ,

Се отвора најдолгиот висечки пешачки мост на светот: Се наоѓа во Португалија

На 60-тина километри од Порто, во портуалскиот град Ароука наскоро ќе се отвори најдолгиот пешачки висечки мост на светот. Долг е 516 метри и поради тоа го доби името „516 Ароука“.

Мостот се наоѓа над кањонот на реката Паива, изграден е на 175 метри над земјата, а широк е 1,2 метри. Направен е од челични кабли и метални решетки, а поставен е помеѓу две бетонски кули.

За да поминете од едниот до другиот крај ќе ви бидат потребни пет до десет минути.

Мостот „Ароука 516“ планирано е да биде пуштен во употреба во текот на идната година, но точниот датум се уште не е познат. Кога ќе биде отворен и официјално ќе го симне од тронот досегашниот најдолг висечки пешачки мост на светот кој се наоѓа во Цермат во Швајцарија. Тој мост е долг 500 метри.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Ситуации во кои луѓе реновирале згради, но ги направиле да изгледаат полошо

Ааа, испит држите колега? Тука сигурно е полно со љубители на препишувањето!