во ,

Се снима филм за Хи-мен! Еве кој ќе го глуми славниот цртан јунак

Филмот, кој го носи насловот “Господари на вселената” (“Masters Of The Universe”), го режира Тревис Најт, и тоа според сценарио на Крис Батлер.

Главните улоги ги толкуваат Николас Галицин како принц Адам, односно Хи-мен, Камила Мендес како Тила, Алисон Бри како Зла Лин, зла волшебничка и сојузничка на Скелетор, Идрис Елба како Човек оружје, Морена Бакарин како Волшебничка од дворецот Сива лобања, Јоханес Хаукур Јоханесон како Малком, односно Фисто и Џаред Лето како Скелетор.

Објавена е првата фотографија на главниот глумец, Николас Галицин, во улогата на Хи-мен.

“Етернија е во добри раце. Еве го првиот поглед на Николас Галицин како Хи-мен со мечот на моќта во претстојниот филм “Господари на вселената”, стои во објавата на социјалната мрежа Икс.

Дејството на филмот:

Десетгодишниот Хи-мен несреќно слетува на планетата Земја, поради што се одвојува од моќниот меч на дворецот Сива лобања на својот предок. Две децении подоцна, тој го враќа својот меч и ја презема улогата Хи Мен, борејќи се за својата матична планета Етернија против злите сили, кои ги предводи Скелетор.

Премиерата на филмот “Господари на вселената” во Соединетите Американски Држави треба да биде на 5 јуни 2026 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шварценегер требаше да снима во СФРЈ поради Тито! Славниот глумец сакаше во Југославија, но поради ова пропадна сè

СКАНДАЛ ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА! ЖЕНА ПЛАТИ СТРАШНА ЦЕНА откако со денови гледаше горила во очи и му се смешкаше! Не слушаше предупредувања!