Се сретнале двајца пријатели и едниот го прашува другиот:
– Слушам дека имаш проблеми со срцето? Дали отиде кај твојот доктор?
– Да, отидов!
– И што ти рече?
– Ми рече дека морам да го сменам начинот на исхрана,
да исфрлам скара и масна храна,
да оставам пиво и ракија и да поминам на вода.
Уште ми рече дека морам да престанам да гледам Лига на шампиони
и да престанам да трчам по туѓи жени, туку само да бидам со мојата.
Со други зборови, морам целосно да го сменам животот!
– И што одлучи?
– Ќе го сменам докторот!