Се шетал Рубинчо и го среќава Итар Пејо. Итар Пејо носел телевизор.
– Каков е тој телевизор? – прашал Рубинчо.
– Абе долга приказна… рекол Итар Пејо.
– Кажи де!
– Се шетав сабајлето низ шумата и ја сретнав Верка. И Верка ми рече:
– Пејо ајде да те водам дома да пиеме кафе.
Отидов јас кај Верка, таа се соблече, легна на креветот и ми рече:
– Пејо земи ми го најскапото!
Јас разгледав и го зедов телевизорот.
Рубинчо кога слушнал викнал:
– Абе Итар Пејо, ти не си маж!
На ова Пејо му одговорил:
– Ти ако си толку голем маж оди земи ја гарнитурата во дневната соба!