во

Силен циклон носи снег до 50 см во овие региони! Еве каде веќе паѓа

Нашето поднебје е под влијание на силен циклон од Ѓеновскиот залив, кој во следните два дена ќе се движи преку Јадранот кон исток, носејќи студен фронт со себе.

Додека овој циклон во својот преден дел носи многу топол воздух од Северна Африка кон југоисточна Европа, во задниот дел носи екстремно ладна воздушна маса од Централна Европа, која се протега до Алпите и Панонската низина.

Големо заладување веќе ги погоди пошироките региони на Алпите, каде што има интензивни дождови, а во приморските области се очекуваат и силни грмежи. Во планинските предели на Алпите, пак, веќе започна да паѓа снег, од француските Алпи на запад до словенечките на исток.

Многу интензивни снежни врнежи се забележуваат во овие предели, а снежната граница постојано се спушта. Снегот ќе продолжи да паѓа и во наредните два дена, особено денес и утре, со очекувања за нови снежни наноси од 10 до 30 сантиметри, а на некои места и повеќе.

Најобилните снежни врнежи се предвидени за Алпите во југоисточна Франција, Швајцарија, јужна Германија, северна Италија, западна и јужна Австрија и во Словенија. Снегот веќе паѓа во највисоките делови на Словенија, а огромни количини снег се очекуваат во граничните области на Италија, Словенија и Австрија, на висини од 1500 до 2000 метри, каде што може да паднат и до половина метар нов снег.

Температурите во овие области веќе паднаа под нулата, а силен северен ветер создава снежни навеви и преспи. Со дополнителното заладување, се очекува снежната граница да се спушти на околу 1000 метри надморска висина, а на некои места и пониско.

Што се однесува до Македонија, циклонот до крајот на неделата ќе донесе дожд и локални поројни врнежи со грмежи, а за викендот се очекува посвежо време. Веќе сега студениот фронт предизвикува поделба во времето – во северните делови на земјата времето е дождливо и вистински есенско, со температури до 12 степени, додека во останатите делови, особено на југоисток, температурите се сè уште високи и достигнуваат до 25 степени, што дава впечаток на летно време.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тереза Кесовија од болница го сподели тажниот животен пресврт: Трагедиите ми го одбележаа животот

ТЕМУ И АЛИ ЕКСПРЕС ГО ОСВОИЈА ПАЗАРОТ: Малите бизниси во огромни проблеми – сите се свртуваат кон купување преку Интернет, а само една работа може да ги спречи луѓето да нарачуваат овде