во

Силно невреме ја погоди северна Италија, во Ломбардија прогласен црвен метеоаларм

Силни бури и ветрови денеска го зафатија северот на Италија, при што е издаден црвен метеоаларм за регионот Ломбардија. Во градовите Бергамо и Леко, властите наредија затворање на средните училишта поради опасните временски услови.

Според италијанскиот РАИ, портокалов аларм е прогласен и за областите Емилија, Трентино и Венето, додека во регионите Алто Адиџе, Ромања и Лигурија е активиран жолт метеоаларм.

Невремето предизвика поплави и свлечишта околу езерото Комо, а локалните власти во моментов вршат проценка на штетите. Исто така, предупредуваат на дополнителни поплави и препорачуваат внимателност на патиштата поради силните врнежи и ветерните удари.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Златен сјај и луксуз на Јелена Карлеуша: Моќно издание на поп-дивата кое остава без зборови

Ужасите од ураганот Милтон: Поплавени улици и срушени куќи, 16 жртви