Синот индијанец го прашува татка си:
– Тато, зошто дада се вика Млада месечина?
– Кога се запознавме со мајка ти беше многу убава вечер, на небото имаше млада месечина и после девет месеци кога се роди сестра ти, одлучивме нејзиното име да не’ потсетува на таа вечер.
– Аха. А другата дада зошто се вика Сено косено?
– И тоа беше многу убава летна вечер, со мајка ти лежевме врз сеното и после девет месеци кога се роди сестра ти, одлучивме нејзиното име да не’ потсетува на таа вечер.
– Аха… Така значи.
– Туку ти сине Дупнат кондоме, зошто го прашуваш ова?