во ,

Синоќа излегов со другарките на забава. Му реков на сопругот дека ќе се вратам дома точно во 24:00 часот…

„Синоќа излегов со другарките на забава. Му реков на сопругот дека ќе се вратам дома точно во 24:00 часот. Но, забавата беше многу интересна, алкохол, играње, уште алкохол. Сосема заборавив на времето. На крај излезе дека се прибрав дома во 3 часот наутро, камен пијана. Таман влегов дома, кукавицата на часовникот искука 3 пати. Кога сфатив дека мојот сопруг ќе се разбуди од кукавицата, со последните сили искукав уште 9 пати. Бев толку задоволна и горда на мојата генијална идеја за да ги избегнам кавгите со сопругот, што мирно си заспав со мислата колку сум паметна и интелигентна. Следното утро маж ми ме праша во колку се вратив и му кажав дека се вратив точно во 24 часот, како што му ветив. Таман си помислив „Спасена сум“, а тој ми рече:

– Знаеш што, изгледа ќе треба да го смениме часовникот со кукавицата.

– Така ли? – Прашав збунето. – А зошто драги?

– Па синоќа, не знам зошто искука три пати и извика „у пи*ку матер“, искука уште четири пати, поврати во ходникот, искука уште три пати, пукна од смеење и пак искука, излезе со трчање, ја згазна мачката и ја скрши масичката во дневната, а потоа легна покрај мене повторно искука, прдна и заспа…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Работник на Македонија пат му вели на шефот…

Капење со ѕвездите – поради „светкавото“ море на Малдивите, повторно ќе верувате во магија