во

Си се возел некој бизнисмен со Мерцедес, го стигнува некој партал со Фичо и се дере…

Си се возел некој бизнисмен со Мерцедес, го стигнува некој партал со Фичо и се дере:

– Отвори го прозорецот бееее!!!

Овој бизнисменот менува во 3 и вози со 130 km/h. Парталот пак го стигнува и повторно се дере.

Бизнисменот менува во 4 и вози 160 km/h. Овој пак го стигнува и пак се дере.

Бизнисменот менува во 5 и вози 220 km/h ама овој со Фичото пак го стигнува и се дере.

Му скиснало на бизнисменот и го отворил прозорецот:

„ Што е бе ти ненормален, што сакаш?“

А овој му вика:

„ Абе како да сменам во втора?“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За 10 дена да ја поместиш оградата, да не се расправаме…

Како може роден 1930 умрел 2005, а живеел 27 години. Овој му објаснил…