во ,

СКРШЕНО СРЦЕТО НА ЛИЛА: Емотивна посвета за Андреј од ДНК која КИНЕ ДУША!

И десет дена по ужасната трагедија во Кочани, познатата водителка Лила не крие дека длабоко ја чувствува загубата на својот пријател, Андреј од ДНК. Таа на своите социјални мрежи објави емотивно видео составено од заеднички среќни моменти, придружено со зборови кои ја отсликуваат нејзината непреболна болка и празнината која остана по неговото заминување.

Во својата потресна објава, Лила напиша:

„Ниту можеме да не жалиме, ниту труби да викнеме. До ништо не ни е Андреј. Како да не жалиме по едно убаво, културно насмеано дете полно со љубов за сите, љубов која несебично ја делеше каде и да одеше.“

Овие зборови ја покажуваат длабочината на нејзината тага и љубовта кон починатиот музичар.

Водителката исто така вети дека нема повеќе да патетизира, но го сподели ова кратко видео како уште еден доказ за тоа каков човек бил Андреј. Нејзините зборови се проткаени со болка, но и со гордост што го познавала и имала можност да биде дел од неговиот живот.

На крајот од својата емотивна порака, Лила му порача на својот пријател да пее со ангелите, а таа и сите оние кои го сакале ќе продолжат да ги пеат неговите хитови и ќе гледаат кон небото знаејќи дека тој ги чува од горе. Оваа порака ја покажува силната врска која постоела помеѓу Лила и Андреј, како и нејзината верба дека тој сега е на подобро место.

Видеото кое го сподели Лила е потсетник на среќните моменти поминати заедно и е нејзин начин да го одбележи споменот на еден млад и талентиран човек кој прерано го напушти овој свет, оставајќи зад себе трага на љубов и позитивност.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Херојскиот чин на Јован ќе биде награден: Ќе добие плакета за храброста и стипендија за високо образование

Граѓаните бараат признание: „Пат на херојот Иле Гоцевски“ како симбол на човечноста