Славниот писател Антон Павлович Чехов му оставил на човештвото мноштво мудри мисли, како во своите дела, така и во цитатите кои го отсликуваат животот.
Чехов е еден од најзначајните драматичари на Русија. Тој пишувал за обичните луѓе, па така неговите дела и денес се популарни во целиот свет. И самиот негов живот бил како роман – пораснал во големо семејство, го пропатувал целиот свет и пишувал. Починал на 44-годишна возраст, разочаран од љубовта.
Некои негови цитати и денес се наоѓаат на бројни страници на социјалните мрежи, а тоа само говори колку овој човек бил вонвременски.
Ова се само дел од нив:
„Жената може да му стане пријателка на мажот само по овој редослед: прво познаничка, потоа љубовница, па дури потоа пријателка“.
„Животот е всушност многу едноставна работа, и човекот треба да вложи многу напор за да ја расипе“.
„Не постои никаква наша „друга половина“. Едноставно постојат временски периоди во кои нѝ е добро со некој. Три минути. Два дена. Пет години. Цел живот“.
„Ако не знаеш што чувствуваш кон некој – затвори ги очите и замисли дека го нема. Никаде. Го нема и нема ни да го има. Тогаш се ќе ви стане јасно“.
„Не можете да барате од калта таа да не биде кал“.
„Една болка секогаш ги намалува другите. Ќе ѝ стапнете на опашката на мачката која ја боли забот и веднаш ќе ѝ стане полесно“.
„Добар човек чувствува срам и пред куче“.
„Спознај се себеси е добар и корисен совет – штета што никој не може да прецизира како се применува истиот“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден