Овој бел ретро убавец, полека се движеше по пат кој обично е преполн со нервоза и брзање, но неговата појава ни ги одзеде сите грижи околу тоа дали, кога и каде ќе стигнеме.
Не му се брза, оди во свој ритам. Нема клима, бучен е и малку тврд, но има нешто што денешните автомобили го немаат – душа.
За сопственикот, возењето со овој стар „фиќо“ низ Скопје сигурно е вистински мелем.
Ах, да имавме и ние таков „фиќо“ и безгрижноста што толку ни недостасува…