Аерозагадувањето е сериозен проблем во Скопје и останатиот дел од Македонија, што доведува до тешкотии со дишењето, кашлица и зголемен ризик од сериозни заболувања. Пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ објаснува дека загадениот воздух не само што ги оштетува белите дробови, туку има негативно влијание и врз другите органи, со што се зголемува бројот на респираторни и карциногени заболувања.
Како да се намали влијанието на загадениот воздух врз здравјето?
- Пешачење покрај водни површини: Д-р Несторовиќ препорачува чест престој на отворено кога има струење на воздухот. Најдобро е да се движите покрај реки или езера, бидејќи водата помага во разградувањето на штетните гасови од воздухот.
- Консумирање сок од цвекло: Сокот од цвекло е препорачан поради неговата способност да ги отстранува тешките метали од телото, кои се чести во загадениот воздух и се таложат во организмот.
- Вентилација и филтрирање на воздухот дома: Кога не можете да избегнете престој во загадена средина, препорачливо е користење на прочистувачи на воздух и редовна вентилација на затворени простории, но избегнувајте отворање прозорци за време на високото ниво на загадување.
Д-р Несторовиќ истакнува дека најмногу се изложени децата до тригодишна возраст, бидејќи нивните дишни патишта сè уште се развиваат, а оштетувањата во овој период можат да остават трајни последици.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден