во ,

Сопругата на Андреј од ДНК: Лага е дека бендот донел пиротехника! Не штитите некој!

Сопругата на трагично загинатиот Андреј од ДНК, Наталија Ѓоргиеска, се огласи на Фејсбук. Таа открива страшни детали.

„Истата служба ме бараше на телефон неколку пати. Со нехуман однос бараа информација каде е мојот сопруг. Сакаа да даде изјава за настанот. Јас истото ги прашав нив. Од медиумите дознав лажни информации. Велат дека сопругот е на домашно лекување. А тој лежи мртов во болницата во Кочани.“

Реклама

Нејзината објава ја споделија многу луѓе. Меѓу нив е и пејачката Елена Ристеска.

Ви ја пренесуваме објавата во целост:

„Во овој најтежок момент за нас, медиумите и институциите ме предизвикувате првпат да се обратам. Вчера го барав сопругот Андреја Ѓорѓиески по болници. На домашна адреса дојде криминалистичка служба. Без објаснување го бараа мојот сопруг, пред нашето дете.“

„Истата служба ме бараше на телефон неколку пати. Со нехуман однос бараа информација каде е мојот сопруг. Сакаа да даде изјава за настанот. Јас истото ги прашав нив. Од медиумите дознав лажни информации. Велат дека сопругот е на домашно лекување. А тој лежи мртов во болницата во Кочани.“

„Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации. Ги замолувам и јавните органи да извршат детален увид за трагичниот настан. Во овој тежок момент, јавно ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат нашата приватност.“

„Лажни се објавите дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека бендот ја донел пиротехниката. Ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство.“

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Благојчо ги прашува политичарите – на кој погреб да одам прво?

Обезбедувачот од Кочани: Не сум виновен, ги спасив сите што можев