во ,

Сопругата на Андреј од „ДНК“: „Нашата Јана има ангелски глас, уште поубав од неговиот“

Веќе седум дена поминаа од трагедијата во Кочани во која животот го загуби познатиот пејач на ДНК, Андреј Ѓорѓиески. За неговата сопруга Наталија Ѓорѓиеска утеха сѐ уште нема.

Откако пред неколку дена ги пренесе трогателните зборови на нивната десетгодишна ќерка Јана, Наталија повторно се обрати на јавноста преку социјалната мрежа Инстаграм.

Во своето прво „стори“, таа објави заедничка фотографија од Андреј и Јана од нивното летување.

Веднаш потоа, во следното „стори“ напиша: „Ангелски глас како тато.. Уште поискрен.. Славеј“.

Наталија Ѓорѓиеска првпат се огласи веднаш по трагедијата. Како што тогаш напиша, причина за нејзиното обраќање беше нехуманиот однос на одредени медиуми и државни институции. Во таа прилика, таа исто така изрази надеж дека вистинските виновници за несреќата ќе бидат изведени пред правдата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Децата изгореа во песната“: Емотивната објава на Пере од Нокаут на неговиот роденден

Од 8 години со килограми шминка го криеше недостатокот на лицето поради кој ја линчуваа со навреди: Кога го покажа на светот, стана славена и обожувана – еве како изгледа сега