Нови детали за расправиите помеѓу актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ излегуваат во јавноста, откако Сергеј ја пријави за семејно насилство. Според медиумите, нивните соседи тврдат дека конфликтите помеѓу парот не се новост и дека не се изненадени од доаѓањето на полицијата, бидејќи нивните кавги станале секојдневие.
„Чудо е што ова не се случи порано. Тие постојано се расправаат и прават врева. Синоќа беше вистински хаос – таа викаше, фрлаше предмети и го пцуеше Сергеј. Тој се обидуваше нешто да ѝ објасни, но тогаш таа уште повеќе полуде. Наскоро дојде полиција. Утрото Сергеј влезе во зградата, но Исидора не се врати,“ откри една сосетка за медиумот „Курир“.
Соседите, исто така, се пожалиле на долгогодишни проблеми со Сергеј, а по доаѓањето на Исидора ситуацијата станала неподнослива. „Најмногу се плашиме од неговото куче, кое постојано лае и напаѓа други кучиња,“ додаваат тие, истакнувајќи дека никој нема убав збор за парот.
Да потсетиме, сопругата на Сергеј Трифуновиќ е осудена за непријавување престој во Србија, според Законот за странци, и ѝ е изречена парична казна. Тужителот на Второто основно јавно обвинителство потврдил дека нема елементи за кривично дело во врска со семејното насилство. Исидора ќе мора да ја плати казната која изнесува меѓу 10.000 и 50.000 динари.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден