По повеќе години пауза, во Битола повторно е отворена спомен-куќата на народниот херој Стив Наумов, обновена со целосна реконструкција на екстериерот и ентериерот. Музејската поставка е збогатена со оригинални предмети од животот на Наумов, донирани од неговото семејство, а отворањето беше дел од прославата на 90-годишнината на Завод и музеј Битола.
Куќата е поделена на два дела: на долниот кат е поставена етнолошка изложба, а на горниот дел е истакната историјата на Наумов преку уникатни експонати, вклучувајќи нови артефакти и виолина, симбол на неговата љубов кон уметноста. Присутни на свеченоста беа негови потомци, внуци и правнуци кои го носат неговото име, меѓу кои и Стефан Бошков, претседател на Сојузот на борци во Битола.
Бошков се присети на улогата на Стив Наумов за време на Втората светска војна, кога двапати организирал отпор против бугарските обиди за бугаризирање на прославите на Илинден во Битола и Смилево. „Во 1941 година, на Илинден, Стив со комитетот организираше масовни демонстрации, истакнувајќи дека ’Нема бугарски Илинден, има само македонски’,“ рече Бошков.
Стив Наумов загинал во 1942 година на 22-годишна возраст, а и денес неговите посмртни останки се непрепознати. Спомен-куќата на Наумов првпат беше отворена во 1961 година, а оваа обнова претставува трет значаен реставрациски зафат за зачувување на неговото наследство.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден