во

Српска снаа од Африка подготвува ајвар и пее хит од Здравко Чолиќ: Го насмеа цел Балкан!

Наледи Репаја, најпознатата српска снаа од племето Зулу, повторно ја покажа својата љубов кон српската традиција, овој пат со подготовка на домашен ајвар! На почетокот на видеото, кое го објави на YouTube, Наледи со насмевка го запеа познатиот хит од Чола, „Еј драга, драга, да е среќа…“, а потоа ентузијастички се фати за работа.

Додека нејзиниот сопруг Бојан собираше ореви со децата, Наледи ги засука ракавите и се зафати со лупење на пиперките – процес кој во почетокот и одеше потешко, но брзо ја „фати тактиката“. „Како машина сум, одлично ми оди, погледнете ги овие пиперки!“, рече таа низ смеа, додавајќи дека не знае како ќе заврши ако сето тоа изгори.

Наледи не застана тука – по ајварот, се фати и за копање во градината, што дополнително ги воодушеви гледачите. Видеото собра многубројни коментари и пофалби: „Лепота е да се види со каква љубов работиш за твоето семејство“, „Толку позитивна енергија внесуваш, секој твој видеоклип го разубавува денот“, беа само дел од позитивните реакции.

Наледи, која потекнува од африканското племе Зулу, се преселила во Пожаревац за да се омажи за Бојан, а со сопругот и децата неодамна купиле куќа во српското село Мало Црниќе, каде што и продолжуваат да го негуваат својот семеен живот на еден поинаков, но блискок културен начин.

 

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драгана Мирковиќ изгради дом за српско-албанско семејство на Голија: „Солзи ми потекоа, човечноста е важна“

Илон Маск со зборот „интересно“ го коментираше видеото за бомбардирањето на Југославија