во , ,

Српски Курир: Дали се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија?

Српскиот весник „Курир“ ексклузивно објавува дека наскоро може да дојде до формирање на воен сојуз меѓу Србија и Унгарија.

Според информациите на Курир.РС, Виктор Орбан и Александар Вучиќ веќе работат на сериозна реализација на овој воен сојуз. Ова е одговор на Србија на договорот потпишан во Тирана од Хрватска, Албанија и Косово.

Бидејќи Хрватска и Албанија се членки на НАТО, Унгарија, која исто така е членка на Алијансата, може да потпише сличен договор со Србија, која не е дел од НАТО.

Министерствата за одбрана на Албанија, Косово и Хрватска во вторникот во Тирана потпишаа трилатерален меморандум за одбрана. Тие наведоа дека ова е порака до сите кои се обидуваат да ја загрозат безбедноста, мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Според нив, трите земји кои споделуваат заеднички вредности и интереси се обединети да се соочат со секаква опасност.

Соговорниците на Курир велат дека приклучувањето на Албанија, Косово и Хрватска во одбранбен сојуз е директна закана за Србија. Тие сметаат дека Србија треба да го извести Советот за безбедност на Обединетите нации за ова.

Исто така, треба да продолжи со зајакнување на своите безбедносни и одбранбени капацитети.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Сите те сакаа тебе златно дете“: Струмица се прости од тапанарот на ДНК

Пробиштип со тага се прости од Никола, Матеј и полицаецот Тоше, жртви на пожарот во Кочани