Во овие тешки времиња по трагедијата во Кочани, социјалните мрежи се преплавени со сеќавања на загинатите. Едно такво видео го прикажува Андреј од ДНК во улога на татко, како со љубов ѝ пее песна од неговата група на училишна приредба на неговата ќерка Јана.
Помина една од најтешките недели за нашата земја, обележана со длабока тага по трагичните настани во Кочани. Во овие моменти на болка, единствена утеха ни даваат спомените на оние кои ги загубивме.
На социјалните мрежи се појави едно трогателно видео. На него е прикажан Андреј од ДНК како пее на патрониот празник на основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во кое учи неговата ќерка Јана.
@detski.vremeplov Златен човек🫶🏻🕊️
Родители кои биле присутни на приредбата го споделија овој емотивен момент. Видеото го покажува Андреј додека пее, а Јана стои настрана, малку срамежливо.
Во еден момент, Андреј ѝ се обраќа на својата ќерка и ѝ ја посветува песната. Јана, како и секое дете во таква ситуација, покажува блага незгодност и го гледа со симпатична лутина. Овој момент потврдува дека за секое дете, родителот е пред сѐ родител, без разлика на неговата професија.
Во очите на Андреј се гледа огромна љубов кон неговата ќерка. Оваа љубов ќе остане како вечен спомен за Јана. Дури и кога ќе порасне и ќе почувствува болка поради моментите кои нема да може да ги сподели со својот татко, таа секогаш ќе се сеќава на човекот кој неизмерно ја сакал.