во

СРЦЕПАРАТЕЛНО: Ќерка 27 години ги фотографирала родителите како ѝ мавтаат, последната фотографија е болна!

Во период од 27 години, од 1991 до 2017 година, Дина Дикеман од Су Сити, Ајова, САД, создала серија фотографии насловена „Заминување и мавтање“.

Секогаш кога доаѓала да ги посети своите родители, таа го забележувала моментот кога нејзините мајка и татко ѝ мавтаат за среќен пат додека таа заминува.
На секоја фотографија е видлива нивната безгранична љубов и радост. Како што старееле, така со уште повеќе топли емоции ја испраќале својата ќерка од нивниот дом. Оваа фото-серија стана дел од нивниот семеен албум, како омаж на нивната постојана приврзаност и непоколеблива љубов меѓу родителите и децата. Таа не само што го покажува неумоливиот тек на времето, туку и како со него заминуваат нашите најмили.

На Инстаграм страницата youronlysourceofserotonin беше објавен овој носталгичен албум со порака од авторката на фотографиите. Првата фотографија е направена во 1992 година, и сè до 2009 година, ќерката ја испраќале двајцата родители.

„Ова е 2009 година, постои фотографија на која мојот татко повеќе го нема. Почина неколку дена по неговиот 91-ви роденден. Мојата мајка продолжи да ми мавта кога заминував. Почина во октомври 2017 година. Кога заминував по нејзиниот погреб, направив уште една фотографија пред влезот на куќата. Првпат во животот никој не ми возврати на мавтањето“, напиша Дина.

Нејзиниот албум ги допре срцата на многумина, особено на оние кои ги изгубиле своите родители. Една жена напиша:

„Ова е прекрасен начин да се покаже вистинскиот живот. Чувајте ги своите родители, нема вечно да бидат тука“.

Еден маж прокоментира:

„Изгледа дека и двајцата имале убав и среќен живот, многу години ви мафтале кога сте заминувале. Тие сега живеат во вашите спомени за нив“.

Друга жена напиша:

„Тие сè уште мавтаат, ги гледам…“, докажувајќи дека љубовта меѓу родителите и децата не престанува ни кога тие ќе заминат во вечноста.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕДНАКВИ ВО БОЛКАТА: Скопска кафеана собра 122.000 денари за Кочани!

ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ: Ќерката на единствената пожарникарка загина во пожарот!