Џенис Дикинсон, која на 16-ти февруари ќе наполни 70 години, владееше со светската мода во седумдесеттите. Ја красеше неверојатна природна убавина. Кога некој ќе се одлучи за “тон” пластични операции, зад тоа обично се кријат комплексни причини. Што ли ја натера неа да оперира капци, усни, нос, да затегне лице и стомак, да инјектира филери…
Желбата да се менува себеси не ја напушти до денес, а во 2013 година дури и банкротираше поради посетите на пластичен хирург, пишуваше Radar online, кој наведе дека Џенис на дерматологот Узи Рајс му должи илјадници и илјадници долари.
Одредени естетски корекции кои ги имаше ги прикажуваше и на малите екрани во емисијата “Botched” на каналот E!. Јавното покажување на трансформацијата е едно од непишаните правила кои ги следат екстремните примери на “вештачка убавина”.
Некогаш најплатената манекенка на светот, своевремено соопшти дека има рак на дојка. Порача дека не треба да ја жалат и ја победи болеста.
Џенис на почетокот на деведесеттите имаше афера со актерот Силвестер Сталоне, кој поради неа ја остави сопругата Џенифер Флавин, со која има три ќерки. Дикинсон во 1994 година ја роди ќерката Савана, која ја претстави како наследничка на познатиот Рамбо, па девојчето го доби презимето Сталоне.
Шест месеци подоцна ДНК тест покажа дека Савана е дете на продуцентот Мајкл Бирнбаум. Џенис потоа во 2002 година во автобиографијата “No Lifeguard On Duty” откри дека спиела со тројца мажи во размак од само неколку дена, што покрена нов скандал.
Познатиот Рамбо по аферата се врати на сопругата, со која е и денес во брак.