во ,

Студентка по медицина – херој на денот: Нејзината човечност ги трогна сите

Во тешки времиња, човечноста доаѓа до израз. Пример за тоа е младата медицинска сестра Ана Ќупева. Нејзината грижа за повредените во Кочани е забележана од многумина. Ивана Божиновска сподели емотивен статус за нејзината хуманост.

„Пред Градска болница, седи една мајка, исплакала и солзи, не може вода да пие, не може да зборува, не може да диши. Доаѓа една медицинска сестра, младо девојче, веројатно излезено од училиште, од клупа. Ја фати мајката за рака, ја масираше на раката и зборуваше со нејзе“, започнува Божиновска.

Ана ѝ пришла на мајката со нежност. Успеала да ја убеди да се напие вода во тие тешки моменти.

,,’Мајка, исплачи се, ќе ти биде многу полесно, сите сме ние од крв и месо’. Потоа ја галеше по косата и ја убеди некако мајката да се напие вода. Не знам како се вика ова младо девојче, медицинска сестра, но остана и после работното време, не сакаше да си оди“, продолжува Ивана.

Ивана Божиновска изрази разочарување од системот. Смета дека таквите млади и вредни луѓе се запоставени од државата.

„Знам само дека ваквите ЗЛАТНИ ДЕЦА, ги бркате од државава. Работат со години без решение, со плата цркавица, во мизерни услови. Чекаат години за да добијат решение. Чекаат години, па МОРА да се дел од некоја партија, па партијата преку некоја дебела свиња да ургира за да добие решение. Па мора да оди на митинзи, мора да оди на состаноци, а години потрошила на учење, уште толку на дообразување. И уште толку ќе потроши за да биде уште подобра.

Нека се погребаат душите во мир и спокој. Родител сум, за родител утеха, НЕМА. За родител, зборови нема. Живиот во гроб не влегува, ама ќе мора да живее.

Потоа, законски решенија и измени во закони. Доста е веќе да образуваме деца, да одат на Медицински Факултет и да земаат плата како обичен метлач во Дрисла, или плата како кафекуварка. ( Се оградувам од ставот дека деградирам професии, само споредувам).

Ова нека биде освестување за секој граѓанин, затоа што деца резервни немаме. Немаме деца за фрлање“, завршува Ивана.

Во својот следен статус, Божиновска повторно ја пофали Ана. Таа апелираше до властите да ги задржат младите и квалитетни кадри во земјата. Ги повика сите да го споделат нејзиниот статус.

„Ана Ќупева, (се надевам) дека го погодив правилно презимето е девојчето ХЕРОЈ, кое е четврта година на Медицински Факултет и која неуморно цело време е со пациентите, и со нивните родители. Не запознав само иден доктор, запознав човек кој во секоја смисла знае што значи да се заколнеш во Хипократова заклетва. Јас како волонтер овие неколку дена, за да им помогнам со намирници и пијалоци на родителите, таа како хуманитарец, иден доктор кој се грижи за пациентите и родителите, подеднакво. Нејзините родители да бидат ГОРДИ на нејзе, затоа што заслужува. Ја заслужува целата среќа на овој свет.

Од глава нема никогаш да ми излезе дека има надеж за ова небо над Македонија, кога цврсто ја држеше раката на една мајка ѝ ѝ велеше да се исплаче гласно, да плаче на глас затоа што сега солзите и се најпотребни и дека ќе и биде полесно. Ова златно девојче најпрво се заколнала над заклетвата ЧОВЕЧКА, а потоа над Хипократова заклетва.

Апелирам до секоја сегашна и идна Власт. Немојте да ги бркате овие златни деца! Затоа што една сурова трагедија, на најсуров начин ни покажа колку ни е потребно да имаме специјализирани доктори, доктори кои си ја сакаат својата професија!

Немојте овие деца да ги испратите по Хрватска да бидат келнерки, да перат садови. Дајте им достоинствена плата. Затоа што се ретки, единствени, како пастрмка во Охридско. Ова златно дете и секое ќе ја има мојата поддршка секогаш!

Ве молам споделувајте го статусот!

Кога се ќе заврши, ова златно дете треба да се награди!

Со помош за студии, со вработување, сеедно! Има многу начини!“

Сподели:
Навалица Продавница

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

600

Алина од Украина: Раѓање деца за 15.000 евра ѝ купи куќа и два автомобила

ЗА ОВОЈ ВИРУС НЕ ПОСТОИ НИТУ ЛЕК, НИТУ ВАКЦИНА: Издадено предупредување за туристи кои патуваат во Јужна Америка